Магична маска од магдонос

За сите темни делови на вашата кожа, магдоносот е идеален избор.

Ако имате проблеми со кожата и сакате да избелите било какви темни дамки, направете едноставна маска од магдонос дома.

Магдоносот одамна е познат како одлична состојка во проблематичните области за избелување на кожата – дамки од сончање, флеки од тонирани кремови или темни кругови под очите итн.

 

Состојки:

  • 2 лажици свежо сирење
  • 1 лажица јогурт
  • 5 листа магдонос

 

Подготовка:

Сите состојки добро измешајте ги во блендер додека не добиете хомогена смеса.

 

Постапка:

Во зависност од ефектот, маската нанесете ја на целото лице или само на посакуваните области. После 10 минути исплакнете го лицето со млака вода и нанесете хидрантна крема на лицето.

 

Внимание: Оваа маска можете да ја користите два до три пати неделно и да не ја оставате повеќе од 10 минути.




Коментари

коментари