Категории

„Магијата на македонската литература“ ИП Култура на Саемот на книгата во Франкфурт

Од 11-ти до 15-ти октомври, во Франкфурт, Македонската асоцијација на издавачи и оваа година како претставник на македонската литература ќе ги промовира домашните наслови под мотото „Магијата на македонската литература“.


ИП Култура издвои дел од ризницата на свои изданија како претставници на домашната литература. Романи, монографски изданија, стручна литература и книги за деца се дел од насловите кои ќе може да ги погледнат издавачите од целиот свет.

Промоцијата на домашната литература е еден од приоритетите на нашата издавачка куќа.  Големината која е испишана под перото на нашите автори е доволен поттик да се бориме за афирмација на нашата литература во светски рамки.

Повеќе за саемот може да дознаете на следниве ликови:

http://www.buchmesse.de/en/fbf/
https://www.facebook.com/frankfurterbuchmesse
https://www.instagram.com/buchmesse/

Прегледи:
515
Објавено на:
13.10.2017