Категории

Мајка сподели како нејзиното бебе заболело од коронавирус со цел да ја подигне свеста

Оваа мајка опишала како нејзиното бебе се заразило со коронавирусот со цел да им помогне на родителите и да им објасни како Covid-19 се манифестирал на нејзиното дете.

„Нашето бебе има само седум недели и беше тестирано на што се покажа позитивно на коронавирусот“ – изјави Тони Роудс на својот фејсбук профил.

Детето помина неколку денови во болница а сега со родителите се наоѓа во изолација.

Тони порача дека нејзината порака е добронамерна и не сака да крева паника кај мајките, само да ги информира и да им помогне.

„Куртис не сакаше да јаде повеќе од 12 часа и често плачеше во текот на ноќите, особено последните два дена. Тој секогаш јаде во текот на ноќта. Потоа утредента забележавме дека има флеки на кожата и дека очите му се отечени и црвени. Киваше и кашлаше слабо, но и понатаму беше поспан и не сакаше да јаде.
Лекарот воочи дека има температура и забрзано чукање на срцето, па заклучи дека е во прашање сепса.“ – изјави мајката.

Our 7 week old baby has tested positive for coronavirus. He spent a couple of days in hospital and we are now at home…

Gepostet von Toni Rhodes am Donnerstag, 26. März 2020

„Му дадоа антибиотици и моравме да останеме 48 часа во болница. Беше тестиран и на коронавирусот, но моравме да ги чекаме резултатите. После неколку денови ни се јавија дека резултатот е позитивен.
Во текот на ноќите и понатаму не јаде, а наутро се однесува вообичаено како и секогаш. Грлото му е малку суво, нервозен е, но иначе е се во ред. Откако дојдовме дома не му беше потребна никаква терапија.“

Мајката исто така сподели дека бебето е сега во добра состојба. Симптомите покажале на минлива прелада и биле доста лесни. Веќе по првиот ден температурата почнала да опаѓа.

„Сите знаеме дека постојат многу малку информации за бебињата и нивната реакција на овој вирус, па сакав да го споделам нашето искуство со вас. На сите нас ни е потребна поддршка.
Ја споделуваме оваа приказна со цел да им покажеме на родителите да не се вознемируваат многу. Оваа порака е позитивна и е со цел да ја подигне свеста кај луѓето.“

Прегледи:
487
Објавено на:
06.04.2020