Категории

Мајка уапсена бидејќи му нудела на своето едногодишно дете марихуана и тоа го снимила

Американската полиција уапси мајка на едногодишно бебе откако беше објавено видео на YouTube на кое таа му нуди марихуана на своето бебе. Видеото за кратко време стана вирално и беше прегледано 1,5 милиони пати.

Полицијата во Рали, Северна Каролина, реагираше брзо откако објавата беше објавена од лицето кое го објави видеото на YouTube. Иако не беше можно да се потврди од видеото дали се работи за обична цигара или џоинт, 20-годишната Брајана Ашанти Лофтон, мораше да се справи со обвиненијата за злоупотреба на деца и поседување марихуана.

https://www.youtube.com/watch?v=Zt5-buxDHbo

Таа добила кауција од 100.000 долари и и бил забранет секаков контакт со своето дете под грижа на социјалните служби во Северна Каролина.

 

Прегледи:
340
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
25.03.2018