Македонија го освои дванаесеттото место на Јуниорската Евровизија (ВИДЕО)

Нашата претставничка на Јуниорската Евровизија, Марија Спасовска вчеравечер го освои дванаесеттото место во конкуренција од 20 песни.

Таа достојно ја претстави Македонија на изборот за најдобра песна во Европа кој се одржа во Минск, Белорусија. Со интересна сценографија, кореографија и визуелни ефекти, преку нејзината песна „Дома“ таа ја испрати моќната порака до целиот свет, дека секое дете заслужува дом и семејство.

Освојувајќи 99 поени таа ја освои дванаесеттата позиција, а претставничката од Полска, Роксана, со освоени 215 бодови го освои првото место со песната насловена „Anyone I Want To Be“.

Погледнете како изгледаше настапот на нашата Марија и на победничката песна.




Коментари

коментари