Категории

Македонка меѓу најубавите на изборот Мис Глоуб 2020

Вчера вечер во Тирана, Албанија се одржа изборот за Мис ГЛОУБ 2020 со учество на 50 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Нашата држава ја претставуваше 24годишната Анѓела Јакимовска од Скопје која направи убав успех со пласманот во топ 15 кандидатки и на крајот по бројот на поени од стручното жири го освои одличното 7мо место. При тоа и на натпреварот Head to head Challenge ја освои титулата Втора придружничка, каде најмеродавен фактор беше интелигенцијата на девојките.

Победничка на изборот е претставничката на Косово, прва придружничка е убавицата од Русија (Сибир), а Втора придружничка е од Гана.


“Убавиците од целиот свет престојуваа три недели во Албанија каде освен туристичката тура која ја имаа во првите 10 дена, се подготвуваа за големото финале кое се одржа во големата сала на Олимпик Парк во Тирана.
Изборот по 17ти пат во Албанија го организираше Deliart Association, овој пат во услови на пандемија, но како и секогаш максимално професионално и на ниво кое доликува на еден светски избор за убавина”, изјави Мики Црнокрак, веќе 25 години Национален Директор за Македонија за изборот за Мис ГЛОУБ.


Нашата претставничка на финалето носеше модели кои сама ги дизајнираше,а исто така носеше модели и од креаторките Лумние Локи и Соња Методиевска

Прегледи:
410
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
14.11.2020