Категории

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е избран во официјалната конкуренција на престижниот филмски фестивал „Sundance“

Македонскиот документарен филм “Honeyland” (Медена Земја) е избран во официјална конкуренција на престижниот филмски фестивал “Sundance” во категорија со уште 12 други документарни филмови од целиот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Со грижа до бериќет (@sogrizadoberiket) on


Снимањето на документарниот филм започна во 2015 година во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Главната идеја на документарниот филм е да се прикаже припадноста на човекот кон природата преку посебноста на односот кој тој го има кон неа и нарушување на тој природен баланс преку судирот на два различни начини на искористување на природните ресурси. Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, продуцент и монтажер на филмот е Атанас Георгиев, сниматели Фејми Даут и Самир Љума, а е поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија.

Покрај филмските фестивали Берлински фестивал, Кан, Бафта, Глобус и Венеција, Sundance претставува еден од најпрестижните филмски фестивали на светско ниво и учеството на македонски филм на еден ваков фестивал претставува вистински успех.