Категории

Македонскиот MyGreatRecipes ја лансира апликацијата на ProductHunt

MyGreatRecipes, апликација за готвење креирана од македонски девелопери, денес ќе биде промовирана на познатата платформа за откривање нови идеи, стартапи и продукти – ProductHunt.

MyGreatRecipes е апликација за готвење чија цел е секојдневно да ги инспирира корисниците со своите 100.000+ рецепти, како и да понуди интересни идеи и совети кои ќе го олеснат готвењето и ќе ја зголемат креативноста во кујната.

ProductHunt, пак, е најпознатата платформа на која сите светски стартапи ги објавуваат своите продукти.  Целта на апликацијата е да се пласира меѓу првите пет со цел да се зголеми нејзината популарност. Бидејќи конкуренцијата на ProductHunt е голема, можете да ја дадете вашата поддршка на MyGreatRecipes апликацијата ТУКА.

Прегледи:
268
Објавено на:
18.10.2017