Категории

Македонскиот панк рок бенд „Новиот Почеток“ оваа есен со 40 концерти низ Европа

Македонскиот панк рок бенд, Новиот Почеток, кој на македонската сцена постои од 2002 година овој октомври ја започнува новата европска турнеја насловена “SORRY FOR THE MESS TOUR 2016”.

sorryforthemess09-hor-demo030-web 

Новиот Почеток овој петок заминуваат на приближно 13.000 km долг пат, ова е за нив петта по ред европска турнеја, а истата е продолжување на ланската јунска турнеја каде го промовираа својот последен албум “Јас сум земја”.

Турнејата ќе опфати околу 40-тина концерти низ Србија, Словенија, Италија, Германија, Швајцарија, Франција, Шпанија, Португалија, Чешка, Словачка и Австрија, а распоредот на концертите може да го видите тука. 

np-2016-small

Прегледи:
1236
Објавено на:
05.10.2016