МАКЕДОНСКИОТ ТИМ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА НАТПРЕВАРОТ НА НАСА

Македонскиот тим, составен од Филип Димитровски, Костадин Лазаров, Дарко Тодоровски и Филип Макрадули, успеа да го освои првото место на глобалниот Space App предизвик на НАСА, со 48 195 гласови.

Нивниот тим „Avis“ убедливо водеше пред останатите 24 тимови, а сега следува официјална верификација на резултатите од НАСА. Откако и официјално ќе се потврди, четворицата ќе отпатуваат во „Кенеди спејс центарот“ во Флорида, каде ќе имаат можност да го развиваат својот проект, а ќе имаат шанса и да присуствуваат на лансирање на ракета.

Тие одбраа предизвик од категоријата Аеронаутика. Предизвикот се вика „Don’t crash my drone“и целта беше да им се овозможи на корисниците на дронови во домашни услови да можат да летаат и да си „играат“ со дроновите, но на многу лесен начин и без страв дека ќе го срушат или скршат својот дрон.




Коментари

[fbcomments]