Макси здолништа кои мора да ги имате ова лето! (ФОТО)

Ова лето во тренд се долгите здолништа. Има најразлични модели, а тие совршено ги прикриваат недостатоците и ја нагласуваат и издолжуваат фигурата.

Здолништата се еден од најженствените и најпривлечни парчиња гардероба. Оваа година „must have“ се здолништата со должина до земјата. Тие се практични и ултрафункционални и може да се носат во многу прилики.
Освен што се лесни за носење и идеални за прикривање на малите несовршености, долгите здолништа имаат и други предности. Макси здолништата го нагласуваат струкот, а можноста за комбинирање со различни парчиња облека е уште една нивна предност.

Тие одлично се комбинираат со обична бела маица со кратки ракави, чипкена блуза, како и со топче. Исто така, на долгите здолништа може да се носат сандали, балетанки, патики. Доколку се одлучите за светли или неон нијанси, треб да ги искомбинирате со темни или неутрални нијанси. Не мора секогаш да го комбинирате здолништето со кратки и тесни маици, долгата блуза со надувани ракави може да биде одличен избор.
При изборот на маски сукњата важно е да посветите внимание на кројот и да одлучите кој облик најдобро ви прилега. Последните сезони се повеќе во мода се враќа винтиџ стилот.




Коментари

коментари