Максим Горки: Само на глупавиот животот му изгледа едноставен

Максим Горки е легендарен руски писател, но и политички активист. Негови најпознати дела се: „Мајка“, „Исповед“, „Детство“. Издвојуваме некои од неговите мисли за животот.

„Ако секирата не сече, може да се наостри, но ако жената не те сака – ништо не може да ти помогне.“

„Човекот е украс на светот.“

„Кога работата се извршува на сила, тогаш животот е затвор.“

„Луѓето понекогаш лажат затоа што тоа бара пристојност.“

„Лагата е религија на робовите и господарите. Вистината е Бог на слободниот човек.

„Не бидете рамнодушни, рамнодушноста е смртоносна за човековата душа.“

„Не може да бидете непријател со огнот затоа што понекогаш гори, треба да се сетите дека секогаш грее.“

„Не можеш да им го проповедаш на луѓето она што сам го порекнуваш.“

„Не суди – за да не ти судат.“

„Несреќата е најдобра за спојување на карактери кои се инаку сосема спротивни.“

„Најубаво уживање и најголема радост во животот е да чувствуваш дека си им потребен и драг на луѓето.“

„Она во кое веруваш, тоа и постои.“

„Внимателно бирај ги пријателите затоа што има луѓе кои се заразни како болест.“

„Само на глупавиот животот му изгледа едноставен.“

„Тврди предолго дека си во право и ќе бидеш крив.“

„Саканата жена не старее.“

„Животот тече, кој нема да го стигне, останува сам.“




Коментари

[fbcomments]