Малечка ласица добива магично возење на грбот на клукајдрвецот!

Фотографот Мартин Ли-Меј од источен Лондон создаде навистина интересни фотографии, во кои главни ликови се малата ласица и клукајдрвецот. Постои смешна приказна позади снимката. На сликите изгледаат како верни пријатели, но всушност клукајдрвецот и ласицата се борат. Малата ласица, всушност, се обидува да го изеде клукајдрвецот, а тој се бори по секоја цена да ја види светлината на уште еден ден.

Ли-Меј беше сведок на „борбата“ во паркот додека уживал во еден прекрасен ден. Тој ја слушнал бучавата и ги здогледал овие две животни. Клукајдрвецот прелетал покрај Ли-Меј, но тој забележал дека има нешто на грбот – ласицата. Тој никако не смеел да го пропушти моментот и веднаш ги создал овие смешни фотографии.

Ова неодоливо дуо всушност ја претставува борбата за живот. На крај, птицата слетала, а ласицата ги забележала Ли-Меј и неговата сопруга. Тие неколку секунди биле доволни клукајдрвецот да одлета во околните дрвја. Ласицата не можела да стори ништо, освен да избега гладна по неуспешниот лов. 




Коментари

коментари