Категории

Мали промени кои ќе ви помогнат да ослабнете

Намалувањето на телесната тежина е тешка работа. 300 калории се внесуваат во неколку залци, а се трошат со напорно вежбање. 

Секако, најглавните промени кои може да ги направите за да ослабнете, е да почнете да внимавате на исхраната и да вежбате. Колку и да се очигледни, овие работи се многу полесни да се кажат отколку да се сторат. Што повозрасни сме, толку тешко ни е да промениме некоја навика – особено кога пица и лежење, се толку попријатни отколку салата и вежбање.

Но, додека не соберете доволно мотивација да преземете навистина сериозни чекори кој слабеење – проследете ги овие мали, кратки, скоро неусетни чекори кон Вашата цел.

1. Направете си правило – нема јадење на каучот. Така ќе престанете да грицкате смоки, чипсови и секакви пропратни грицки кои сакате да ги уживате заедно со серијата.
2. Малку движење е подобро од воопшто недвижење. Наместо со лифт, качете се дома пеш. Наместо со кола, појдете на пазарење до блиската продавница пеш. Протегнувајте се често, правете брзи вежби дур чекате да се зготви нешто – едноставно празнините во времето пополнувајте ги со малечки вежби.
3. Наместо да ги игнорирате барањата за храна, заменете ги или намалете ги количински. Ви се јаде пица? Јадете пица, но претходно испијте чаша вода или јадете салата. Така, стомакот ќе ви биде полн и нема да ја изедете цела пица наеднаш, туку нешто ќе остане за подоцна или за утредента.
4. Пијте вода почесто. Има апликации кои можете да ги инсталирате, кои потсетуваат да пиете вода.

5. Заменете го грицкањето од досада, со друга активност. Многу често не јадеме бидејќи сме гладни, туку бидејќи ни е здодевно. Фатете се себеси кај што барате храна само за да помине времето, и наместо тоа, правете нешто друго – лакирајте ги ноктите, читајте, слушајте музика.
6. Намалете со шеќер преку малечки работи. Почнете да пиете незасладено кафе. Нескафе – без шлаг. Наместо сок, пиете вода. Чајот пијте го без шеќер.
7. Примајте здрави шеќери преку овошје и зеленчук!
Small-Changes-Tips-For-Weight-Loss

8. Бидете трпеливи. Не очекувајте резултати веднаш. Не постои брз начин на здраво слабеење. Или ќе ослабнете преку некоја чудна диета пребрзо, и веднаш ќе ги вратите килограмите – или ќе ослабнете споро, но во тоа време, тоа ќе ви стане животен стил.

Прегледи:
174
Категории:
Здравје
Објавено на:
20.10.2020