Категории

Мали секси трикови со кои ќе му го поматите разумот!

Ова не се совети за кои претходно не сте слушнале, но многу често ги забораваме да ги примениме не знаејќи дека може да создадат совршено задоволство. Во продолжение прочитајте кои се малите трикови со кои ќе го подигнете сексуалниот живот на друго ниво, а кога станува збор за љубовта и вниманието, тоа мора да го заслужите на друг начин.

Јасно и гласно кажете што сакате

За да го задоволите до крај, мора да знае дека и неговата понежна половина е задоволена. Затоа не молчете, не глумете, повторувајќи глупави фрази кои некогаш сте ги слушнале, туку кажете му – што ви се допаѓа, што не, што би сакале да ви прави во кревет. Секоја вагина е различна па и на најискусните мажи понекогаш им е потребен мал водич.

Кога го задоволувате орално, не го избегнувајте погледот

Ако нешто им пречи на мажите, тоа е кога во текот на оралниот секс не ја подигаат главата или постојано ја префрлаат косата преку лице. Дали сте се запрашале зошто тој постојано ви ја трга косата од лицето? Сака да ве види. Иако поради „технички потешкотии“ во текот на оралниот секс прилично е незгодно да се воспостави контакт со очите, мажите тоа ги возбудува. Од време на време во текот на акцијата погледнете во негова насока и упатете му поглед кој искажува задоволство.

Бидете вие таа која ќе предложи некоја перверзија

Дури и ако сѐ остане само на разговор, идејата ќе го возбуди. Многу девојки се љубопитни и сакаат да пробаат анален секс, но не се осудуваат први да го побараат тоа и да ја започнат сексуалната игра бидејќи се плашат каков впечаток ќе остават. Сѐ најдобро. Таквата иницијатива само може да го воодушеви бидејќи се свесни дека аналниот секс е нешто што жената нема да го посака со секој или често. Тоа го сфаќаат како привилегија.

Додадете фактор на изненадување

Покажете му на вашиот партнер дека го сакате. Запрете го лифтот на десет минути кога се враќате дома во доцните часови, поминете му со ногата околу гениталиите додека ја чекате сметката во ресторан, или повлечете го од стазата за трчање во најблиската шума. Животот е прекраток за да бидете плашливи и срамежливи.

Не мислете дека него не го интересира љубовта

Ако мислите дека мажите кои често менуваат жени не ги интересира љубов, се лажете. Само се пребирливи и им треба подолго време да се одлучат на „обврска“.

Прегледи:
583
Објавено на:
02.05.2019