Категории

Мали стилски трикови за совршен деловен стајлинг: Бидете најдобро облечената личност во канцеларијата!

Гардеробата што ја носиме има огромно влијание врз тоа како се чувствуваме и каков впечаток оставаме, затоа изберете мудро

Деловната гардероба не мора да биде здодевна и строга. Доколку си поиграте со модата, можете да направите интересни модни комбинации на кои сите ќе им завидуваат.

Меѓутоа, деловното опкружување има одредени правила за облекување кои не е добро да се прекршат. За да изгледате добро, но во склад со вашата околина, следете ги овие модни правила:

 

Правиот крој е основа на секој добар аутфит

Водете грижа дали гардеробата во целост ви одговара. Ако е премногу кратка ќе делувате вулгарно, додека во широка гардероба оставате впечаток на неуредна личност. Изберете крој кој ќе го истакне она што е најубаво на вашето тело.

 

Парчиња облека кои никогаш не излегуваат од мода

Инвестирањето во квалитетни парчиња што ќе траат долго време вредат, затоа не заштедувајте пари кога станува збор за вашата деловна гардероба. Подобро е да имате неколку квалитетни парчиња одколку голема количина гардероба што ќе треба брзо да ја замените.

Секоја деловна жена во нејзината гардероба мора да има барем две добро прилагодени сакоа, црни пантолони и неколку класични фустани.

Држете се до едноставни комбинации

Кога станува збор за деловното опкружување, најдобро е да изберете помирни бои. Принтот е дозволен, но само ако не е премногу нападен. Вие сигурно не сакате да се коментира вашата гардероба, туку вашите деловни успеси. Освен тоа, со класиката нема да погрешите.

Бидејќи сте ограничени во избор на бои, слободно започнете да си играте со текстурата на гардеробата.

Прегледи:
365
Објавено на:
28.01.2020