Категории

„Малку фалеше да бидам со Џенифер Лопез“ – Алек Наумовски 30 години дел од модната сцена

Алек Наумовски и Надица Георгиева, можеби едни од најуспешните модели во деведесеттите, и денес се синоним за македонската мода и манекенство. Пред 20 години ја формираа агенцијата „Моделс ИН“. Идејата беше да им помогнат на македонските модели да градат светска кариера. На почетокот не било лесно да се стекне довербата ни на манекените ни на агенциите. Сепак, тие го исполнија и ветувањето и сонот, па од нивната модна агенција неколку модели и денес се дел од светските модни писти.

Во разговорот Алек ни откри дека пред да стане модел бил дете-актер. Тој е првиот Зоки Поки, а глумел и покрај легендарниот Петре Прличко. „Тој имаше неверојатна енергија. Се чувствував пријатно во негово друштво, научив многу и чест ми е што глумевме заедно“, вели Наумовски.

Ни раскажа дека Надица го забележала во диско во Скопје и му понудила да ги однесе неговите слики во агенција во Виена. По две недели Алек веќе бил на кастинг за првата работа како модел. Понудата да се пресели во Австрија, веднаш ја прифатил. Патувал секој ден од град во град, соработувал со светски фотографи и познати модели. Бил и на кастинг за спотот на Џенет Џексон за песната That’s the Way Love Goes, во кој првпат се појавува и Џеј Ло.

„Влегoв во најтесниот круг во кој беа само пет модели. Им одговарав со изгледот, оти тогаш имав долга кадрава коса. Во спотот глумеше и Џенифер Лопез, која тогаш беше само танчерка и пробуваше да се пробие“, се сеќава Алек, па во интервјуто ни ја раскажа цела приказна.

Освен за неговата успешна меѓународна кариера, ни раскажа и за најубавите времиња во македонската мода, но и зошто денес ретко прифаќа да се фотографира за некој бренд. За пријателството со Надица што трае 30 години, како негова слика се најде на корицата на книга во Америка и зошто е горд на манекенката Елена Реи…

Прегледи:
646
Категории:
Интервју
Објавено на:
22.12.2020