Малку познати факти за КЛЕОПАТРА VII – Последната египетска фараонка од македонската династија Птоломеи

Клеопатра VII Филопатор била последната кралица од Египет. Таа водела директно потекло од Александар Македонски. 

Египетската кралица Клеопатра умрела пред повеќе од 2000 години, но историчарите и ден денес се заинтригирани од нејзиниот живот. Позната по својата убавина и интелект, таа е запишана во историјата како една од најмоќните и најмудри жени. Со директно потекло од Александар Македонски, Клеопатра е последната македонска кралица која владеела со Египет.

За неа се зборува дека била заводница која успеала да ги маѓепса најмноќните императори Јулиј Цезар и Марк Атониј. Меѓутоа, таа не била само заводница туку и една од најуспешните и најмоќни кралици во историјата.
Ова се некои од помалку познатите факти за последната египетска фараонка.

Која била Клеопатра?
Клеопатра VII Теа Филопатор потекнувала од античката македонска династија Птоломеи. – Птоломеј Сотер бил еден од генералите на Александар Македонски кој после неговата смрт го превземал водството на Египет и ја воспоставил династијата Птоломеи. Она што малкумина го знаат е дека оваа династија успеала да ја одржи „чистокрвноста“ на своето потекло така што исклучиво склопувала бракови внатре во своето семејство.
Иако во културата ја претставуваат како темнокожа со темна коса и очи, Клеопатра била директен потомок на античките македонци. Имала светла кадрава коса, остар нос, тенки усни и шилеста брада.

Нејзината убавина е мит
Клеопатра во филмовите е главно прикажана како голема убавица. Историчарите се сомневаат дека тоа воопшто било вистина. Како доказ за тоа тие го земаат ликот на Клеопатра од монета која датира од античкиот Египет, на кој таа е претставена со долг нос и не баш женствена вилица. Во записите на Плутарх исто така се пишува дека Клеопатра сигурно не била меѓу најубавите жени во своето време. Била исклучително мала и ситна, но сепак им била неодолива на мажите поради својот интелект, шарм, милозвучен глас и смисла за хумор.

Клеопатра била омажена за двата свои браќа
Во династијата Птоломеиди било традиција членовите да склопуваат бракови едни со други со цел да ја сочуваат „чистотата на крвта“. Таткото и мајката на Клеопатра биле брат и сестра, а нејзиниот прв маж бил нејзиниот брат Птоломеј XIII. Подоцна се омажила за својот втор брат Птоломеј XIV.
Птоломеј XIII умрел така што наводно се удавил обидувајќи се да ја премине реката Нил после вениот пораз во една битка помеѓу неговите и силите на Клеопатра, додека вториот брат за кој се омажила била убиен по наредба на самата Клеопатра.

Запознавањето со Јулиј Цезар
Дека Клеопатра била голема заводница сведочи малку позната приказна за тоа како го запознала Јулиј Цезар.
Додека Цезарот престојувал во Египет, Клеопатра морала да остави впечаток на младиот император и да го привлечи неговото внимание со цел да ја осигура безбедноста на својата земја. Таа наредила да му се испорача еден специјално исткаен египетски килим до неговата палата каде што престојува во знак на добри односи. Кога килимот бил распослан пред нозете на Цезар од него се исркалала младата 21-годишна кралица.
Цезар и Клеопатра станала негова љубовница. Во тој период му родила син – Птоломеј XV Цезарион. Тој владеел доста кратко пред силите на Октавијан Август да го завземат Египет. Бил погубен на 17 години.

Запознавањето со Марк Антониј
После убиството на Цезар на римските скали, неговото место во сенатото го превзел неговиот посвен син – Марко Антонио.
За време на својот престој во Тарсус – денешна централна Турција тој испратил покана до Клеопатра да го посети. Знаејќи дека младиот император „фрлил око“ на нејзиното египетско богатство, Клеопатра повторно го направила она кое најдобро го знае.
Таа пристигнала до градот со брод чиј раскош дотогаш не бил виден.
Бродот бил украсен со величенствени виолетови едра. Клеопатра лежела на златен балдахин облечена како божицата Венера додека околу неа неколку робови ја ладеле со огромни перја.
Еден грчки поет кој присуствувал на настанот напишал дека „Уште првиот миг кога ја виде кралицата, Антониј ја изгуби својата глава“
Но Клеопатра не застанала тука. Таа влегла под градската капија уште по екстравагантно, донесувајќи невидени богатства, злато, накит, опојни напитоци.
На Марк Антониј му била потребна Клеопатра за да го финансира неговиот поход на западот додека на Клеопатра и била потребна сила која ќе ги заштити правата на нејзиниот син Цезарион.

Епската љубовна врска на Клеопатра и Антониј
Иако многу повеќе се зборува за романсата на Клеопатра и Цезар, всушност таа и Марк Антониј живееле вистинска љубов. За нив се раскажува дека биле „пар создаден во рајот“. Постојано приредувале забави. Се венчале кратко по запознавањето а од нивниот брак кој траел се до нивната заедничка смрт се родиле 3 деца – близнаците Клеопатра Селена и Александар Хелиј, и синот Филаделф.

Како точно умрела Клеопатра?
Сеуште не е познато како Клеопатра и Марк Антониј умреле, но една од најприфатени верзии е таа дека извршиле самоубиство после поразот против војската на Октавијан Август во поморската битка кај Акциум.
Историчарите велат дека Марк Антониј самиот си забил нож во стомакот, додека Клеопатра се самоубила со помоп на кобра која ја каснала на градте, друга верзија вели дека таа самата испила отров.

Што се случило по нејзината смрт?
Октавијан Август се прогласил себеси за владетел на Египет. Децата на Клеопатра и Антониј – Клеопатра Селена, Александар Хелиј и Филаделф станале негови робови кои ги одвел во синџири во Рим.
Александар Хелиј умрел во битка обидувајќи се да го превземе престолот на неговата мајка против римјаните. Младиот Филаделф бил убиен со отров. Додека Клеопатра Селена била единствената која преживеала. Таа била омажена за мавританскиот цар Јуба и имала доста потомци, со тоа се верува дека династијата Птоломеи продолжила да живее преку неа.




Коментари

[fbcomments]