Категории

Мандарини во чоколадо: Освежувачки десерт за 5 минути

Исто како што на пролет сакаме да се почастиме со јагоди со чоколадо, така и во другите годишни времиња треба да примениме сличен рецепт! Пробајте со мандарини!

Состојки:

  • 3-4 мандарини
  • 100 гр чоколадо
  • 50 грама шеќер
  • 2 лажици млеко
  • 30 гр ф’стаци

 

Подготовка:

  • Излупете ги мандарините и поделете ги на парчиња.
  • Растворете шеќер во млеко, додадете го чоколадото и матете додека не се соединат.
  • Натопете парче мандарина во чоколадото, па во мелените ф’стаци.
  • Наредете ги на хартијата за печење па оставете ги во фрижидер да се стегне глазурата.