Има над 100 килограми, а е една од најпознатите манекенки во светот!

Оваа манекенка успеа да се избори за насловна страница во списанието ” Вог”, има соработувано со голем број на дизајнери, а денес е најкрупната манекенка на модната сцена.

Тес Холидеј (29), првиот плус сајз модел, која како член на агенцијата ” Милк Модел Манагмент” најави нова доба во светската мода, продолжува со успешната кариера.
Оваа манекенка успеа да се избори за насловна страница во списанието ” Вог”, има соработувано со голем број на дизајнери, а денес е најкрупната манекенка на модната сцена.

Се чувствувам дека ги пробивам границите, ова е нешто големо. Никогаш не можев да замислам дека ќе бидам овде”, изјавила таа.

Претставниците на агенцијата ” Милк Модел Манагмент” истакнуваат дека Тес е вистински модел за жена.

Се надевам дека овие фотографии ќе допринесат за тоа сите да сфатат дека треба да бидат свои и дека тоа е можно дури и кога сте подебели”, рекла Тес која на Фејсбук има 624 илјади фанови.


Манекенката е израсната во Јужен Мисисипи, а за време на детството била многу понижувана поради дебелината.

Сепак тоа не ја спречило да го оствари својот сон. Таа отсекогаш сакала да биде манекенка, па како тинејџерка се пријавила на еден конкурс во Атланта. Во тоа време имала поддршка само од мајка и, а пријателите и остатокот од семејството мислеле дека е “луда”.

Првиот голем успех го доживеала во 2011 година, кога учествувала во едно манекенско шоу. На негативните коментари воопшто не обрнува внимание, а се грижи за здравјето постојано и тренира со личен тренер. Тес е мажена и е мајка на едно дете.




Коментари

коментари