Категории

Марија Јаневска: „Дваесет работи на кои ме научи 2020 – Некои од нив никогаш не ни помислував дека сакам да ги знам, но ме пораснаа во подобра верзија“

Дваесет работи на кои ме научи 2020:

Некои од нив никогаш не ни помислував дека сакам да ги знам, но ме пораснаа во подобра верзија од онаа која излезе од 2019.
1. Не е вистина дека во животот постојат правила. Ништо не е забрането и ништо не е важно сѐ додека се смееш. Ниту туѓото мислење, ниту што ќе речат комшиите.
2. Оговарањата се болни само доколку им дозволиш да допрат до тебе. Запомни, секое чудо за три дена.
3. Секоја ситуација нема потреба од твоја реакција. Не си ја расфрлај силата за џабе.
4. Се` што ти го нарушува мирот има прескапа цена и не смееш да си го дозволиш.
5. Секоја повторена грешка е веќе твоја одлука.
6. Ако соништата не ти се остваруваат значи дека не ги сакаш доволно. Не дозволувај изговорите да ти станат поважни од соништата.
7. Одбирај ги битките внимателно. Одлучи од што ќе се плашиш и потоа победи го. Стравот постои се додека ние му даваме дом во нашата глава.
8. Посакувај, но не се надевај. Голема е разликата меѓу тоа да си сигурен во желбите кои ги претвараш во планови и меѓу тоа пасивно да се надеваш.
9. Не си лош човек ако кажеш не – тенка е границата помеѓу помагање и дозволување да бидеш искористен.
10. Дај му шанса на лошиот впечаток и биди со резерва кон добриот впечаток. Не верувај што велат другите. Секој заслужува шанса, макар и 5 минути.
11. Никој не е зафатен. Се` се сведува на тоа која бројка си на нивната листа на приоритети.
12. Дружи се со луѓе кои те смејат, луѓе кои знаат колку вредиш и луѓе од кои можеш нешто да научиш.
13. Ако си најпаметниот во една соба, тогаш си во погрешната соба.
14. Животот престанува да боли тогаш кога ќе научиш да ги пуштиш луѓето да си одат од твојот живот, затоа што најчесто раните се прават држејќи нешто со сила.
15. Не секој во твојот живот е дојден да остане, но секој е дојден да те научи нешто. Секогаш прашај се што.
16. Не се растажувај кога ќе видиш некои стари љубови. Она што го сакаш е споменот од нив, а не нив. Тие одамна не се тоа што биле. Чувај ги во срцето, но продолжи понатаму.
17. Ако не е тотално луд за тебе, не е тоа што ти треба.
18. Сексот е важен, батали се` што ти кажале. 😉 Животот добива друга димензија кога ќе сфатиш дека задоволството ти е приоритет.
19. Изгледот е ништо, понашањето е се`.
20. И да, не се извинувај за успесите колку и тоа да ги плаши мажите околу тебе. Вистинскиот маж не се плаши од успешна жена. Напротив, се гордее со неа покрај себе.
Останете бестрашни.
Ве сакам! 🌹