Марија Спасовска ја буди македонската тинејџ сцена со песната „Играј со срце“

Вчеравечер, на 30. мај во „Јавна соба“ се одржа промоцијата на првиот видео запис на Марија Спасовска, за тинејџерската песната насловена „Играј со срце“.

Играј со срце“ е песна која освојува уште на првото слушање и ги буди најискрените емоции кај секој од нас. Иако е наменета за младата тинејџ популација, никој не останува рамнодушен на ритамот на песната и извонредниот вокал на Марија. На промоцијата присуствуваа голем број на медиуми, поддржувачи и љубители на квалитетната македонска музика од сите возрасти.

Промоцијата на видео записот за „Играј со срце“ беше дочекана со големо воодушевување од страна на присутните, како поради ангелскиот глас на Марија, така и поради целокупниот квалитет на овој проект позади кој стојат врвни имиња од сферата на музиката. Македонскиот текст за оваа одлична тинејџ песна е на докажаниот македонски текстописец Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот ги содаде Немања Михајловиќ. Песната има и српска верзија со текст од Тоде Николетиќ која наскоро ќе се објави на YouTube каналот на Марија Спасовска. Двете верзии и српската и македонската се снимани во продукциската куќа Студио 3000 во Белград.

Марија досега има 7 испеани песни на детските фестивали, а оваа песна е доказ дека таа расте со секоја своја песна освојувајќи не со нејзиниот глас. Доказ за тоа се многубројните досегашни награди од интернационалните фестивали. Оваа песна според многумина претставува револуција на македонската тинејџ сцена. Уживајте во видео записот и нејзината изведба!




Коментари

коментари