Категории

Марија Спасовска за само 10 денови со преку 30.000 прегледи на нејзината прва песна

Вокалните способности на нашата Марија Спасовска се добро познати како на нашата публика, така и на интернационално ниво, а доказ за тоа се многубројните награди на престижните фестивали низ светот. 

На 30. мај се одржа промоцијата на нејзиниот прв видео запис, за тинејџерската песната насловена „Играј со срце. Оваа певлива нумера со одличен ритам и текст, освојува уште при првото слушање, а за тоа говори големиот број на прегледи на каналот YouTube кои само за 10 денови изнесуваат над 30.000.

Текстот за новиот македонски тинејџ хит „Играј со срце“ е дело на нашиот најпознат текстописец Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот ги создаде Немања Михајловиќ. Песната има и српска верзија со текст од Тоде Николетиќ која наскоро ќе се објави на YouTube каналот на Марија Спасовска. Двете верзии и српската и македонската се снимани во продукциската куќа Студио 3000 во Белград.

Иако е наменета за тинејџерската публика, сепак оваа песна ги освојува сите без разлика на возраста. Уживајте во спотот и извонредниот вокал на Марија!