Категории

Машки фрази после кои е најдобро да побегнете

Доколку ви каже некое од овие нешта, време е тука да се запре се.

„Плаќате сами?“
Уште полошо е ако не звучи како прашање, туку како повик за акција. А се е уште полошо ако понуди да платите и за него. И овде не е проблемот во плаќањето на сметката. Не се работи за парите. Поентата е во тоа: кога мажот тежнее да удоволи, се обидува да се појави во вашите очи во најдобро светло – вклучувајќи и финансиски. Понудувајќи да ја платите сметката, тој пред вас е просјак или патолошки блесник, или уште полошо – жиголо.

„Или направи како што ќе ти кажам, или оди си“
Каде сте нашле ваков маж во 2020 година? Ваквите ултиматуми би звучеле логично во среден век а не во 21-ви кога жените сами донесуваат одлуки, прават што сакаат и го изразуваат своето мислење кога сметааат дека е потребно. Затоа не ви е потребен овој маж со манири на деспот.

„Ти си никој без мене“
Личноста едноставно ја подигнува самодовербата на ваш трошок. Зарем вистински не можете да живеете без ваков „прекрасен џентлмен“?

„Сите мажи изневеруваат“
После оваа фраза, можете сигурно да му се заблагодарите на искреноста и да се поздравите. Едноставно ви кажал дека изневерувањето е нормално, т.е. дека никогаш нема да му бидете единствена.

„Оди си сама дома“
Денес е вистинска реткост маж да ја придржува вратата, столицата, да ја отвара вратата од автомобилот и да ве одведе до дома. Од некоја причина во современото општество е нормално девојката сето ова да го прави сама. Во меѓувреме, една од главните доблести на мажот е да биде џентлмен. Ако после состанокот сте заминале со такси а тој ви пишал порака дали сте пристигнале безбедно, тоа е галантност и пријатна нега. Ако сте морале да си заминете сами, тогаш тоа е рамнодушен и злобен тип.

„Сеуште не сум подготвен да те запознаам со моите пријатели“
Долго сте во врска, речиси живеете заедно, но сеуште не познавате никого од неговиот круг? Многу е веројатно дека тој не ве сфаќа доволно сериозно или верува дека не сте доволно добри за неговото друштво.

„Еве ја и мојата мајка“
Неговата мајка готви највкусно од сите, беспрекорно ги пегла кошулите, а воедно таа е и најпаметна. Не мислиме де влегувате во конкуренција со неа. Се надеваме дека нема засекогаш да ги слушате пофалбите и да издржувате бескрајни споредби со неа.

Прегледи:
607
Објавено на:
06.10.2020