Машките гени се подоминантни: Овие карактеристики детето може да ги наследи само од таткото

Дали е можно да се предвиди кои особини детето ќе ги наследи, колкав коефициент на интелигенција ќе има? Колкав процент од гените наследува од мајката, а колкав од таткото?

Научниците тврдат дека не е можно апсолутно со сигурност да се тврди, но дека е можно да се предвиди во одредена мера кои карактеристики детето ги наследува. Исто така, тврдат дека некои гени децата можат да ги наследат исклучиво од татковците, бидејќи машките гени се подоминантни.

Генетски карактеристики и квалитети кои децата ги наследуваат исклучиво од своите татковци:

Проблеми со срцето

Специјалистите од Универзитетот во Лондон во своите истражувања дошле до следниот заклучок. Мажите со проблеми поврзани со коронарната артерија, послабото пренесување на кислород во срцето, можат овој проблем да го пренесат и на своето дете и тоа најчесто на синовите. Веројатноста да го наследат овој проблем е 50%.

Ментално пореметување

Помеѓу менталните болести кои се пренесуваат на децата се шизофренија и хиперактивност, пореметување на недостатокот на внимание. Колку е таткото постар, толку е поголем ризикот неговите деца да ги наследат овие проблеми, бидејќи со годините мутира и ДНК.

Квалитетот на забите

Татковите гени се одговорни за конфигурацијата на забите и вилицата кај децата. Доколку мажот има лоши заби, веројатно тој ген ќе го пренесе и на децата.

Проблеми поврзани со плодноста

Научниците тврдат дека нискиот квалитет на спермата може да биде генетски проблем. Ако таткото има потешкотии при зачнување на детето, истите проблеми во одредена мера веројатно ќе ги наследи и детето.

Бојата на очите

Гените на мажот доминираат над гените на жените, па најверојатно е дека детето ќе ги наследи очите и поголемиот дел од цртите на лицето од таткото.

Висина

Колку ќе биде високо детето зависи од висината на таткото.




Коментари

коментари