Маска од малини за беспрекорен тен: Откако ќе ја почувствувате на кожата ќе заборавите на пудра!

Идеално време да ги искористите сите благодети кои малината ги има во себе. Ова овошје е преполно со придобивки, како за организмот така и за кожата на лицето.

 

Малината е богата со витамин Б и биофлавоноиди кои го успоруваат процесот на стареење, ја забрзуваат циркулацијата и ја прават кожата млада и свежа. Со оваа маска лицето ќе биде свежо, а со редовна примена квалитетот на кожата значително ќе се подобри.

Потребни состојки:

  • неколку малини
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица павлака

Изгмечете ги малините со вилушка и помешајте ги со двете останати состојки и тоа е сѐ, маската е подготвена. Нанесете ја на исчистено лице, врат или деколте во дебел слој и оставете ја на лицето околу 20 минути. Потоа измијте го лицето и нанесете хидратантна крема.




Коментари

коментари