Маска за лице од 2 состојки кои ефективно се бори против акните и флеките

Оваа маска е погодна за намалување на митесерите, помага при масна кожа, кожата склона кон акни и хиперпигментација

Оваа природна маска можете да на направите сами со помош на две состојки кои веќе ги имате во кујната.
Се што ви е потребно е сок од лимон (природно исцеден) и сода бикарбона.

Измешајте една лажица лимонов сок со две лажици сода бикарбона.

Содата реагира со лимонот и создава пена. Мешајте се додека не добиете жолтеникава паста.
Намачкајте ја смесата на лицето и вратот. Доколку почувствувате благо пецкање на лицето, веднаш измијте ја.

Ова маска не смее да се држи повеќе од 10 минути. Користете влажна топла крпа за да ја отстраните маската. За крај измијте го лицето со ладна вода за да ги затворите порите и ставете хидратантна крема која ќе ја смири кожата.




Коментари

[fbcomments]