Маски за лице од банана кои ќе посакате да ги пробате уште веднаш

Маската за лице со банана е позната по своето лековите дејство на кожата. Еднаш кога ќе ја пробате ќе се уверите зошто таа е една од клучните состојки во многу природни маски за лице.

Бананите спаѓаат во суперхрана. Хранливи се и долго држат ситост според мислењето на многу нутриционисти, тие се одличен избор за овошен појадок или ужина во текот на денот.
Уживаме во нивниот мирис и вкус па ги додаваме во торти и колачи.
Ако сте мислеле дека нивната улога тука престанува, се лажете.
Бананите можете да ги искористите и за нега на кожата, косата и ноктите.

Во оваа прилика ви ги споделуваме сите придобивки од бананите кога се користат во негата за кожата. Зошто бананата е толку добра?

Ова јужно овошје е богато со витамини а прв на листаат е витаминот Ц.
Бананите ја задоволуваат дневната потреба за витаминот Е, како и комплекс витамините Б. Покрај драгоцените витамини за кожата на лицето, наоѓаме и мноштво минерални метерии. Калиумот и магнезиумот се доминантни а содржат и железо, кациум, фосфор, цинк, селен и бакар.
Тие содржат многу хранливи нутриенти па не е ни чудо што е доста популарни и кај маските за лице.

Ако сте љубител на природни хранливи маски за лице, тогаш морате да ги пробате овие рецепти во кои главната состојка се токму – бананите.

 

Маска од банана и мед

  • 1 банана
  • 1 лажица мед

Згмечете ја бананата во мал сад и додадете лажица мед. Изматете за да добиете мека смеса и вашата маска е готова. Намесете со прсти или четка на претходно добро исчистено лице.
Оставете ја маската 20 минути на кожата се додека не забележите дека почнува да се затегнува. Кога ќе стане кафеава, време е за вадење на маската.
Измијте го лицето со помош на блага пена за миење лице и нанесте хранлива крема.


Маска од банана и лимон

  • 1 банана
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица свежо исцеден лимон

Изматете ги заедно лажицата мед и лажицата лимон а потоа додадете ја изгмечената банана. Добро изедначената смеса нанесете ја на чисто лице и држете 15 минути.

Оваа маска е особено корисна при хиперпигментација и избелување на флеките на лицето и добивање на изедначен тен. Доколку забележите пецкање на лицето, веројатно сте ставиле премногу лимон.

Маска за лице од банана и јогурт

  • 1 банана
  • 1 лажица јогурт

Измешајте претходно испасирана банана и 1 лажица јогурт. Откако состојките добро ќе се соединат нанесете ја маската на чисто лице. Оваа маска ја нахранува и освежува косата па нејзините придобивки ќе ги забележите уште веднаш.
Оваа маска можете да ја чувате на кожата половина час.




Коментари

[fbcomments]