Категории

Маж од Индонезија се ожени со апарат за ориз но се разведе после 4 дена

Трендот на венчавки со разни предмети се чини дека станува се попопуларен, а меѓу најновите примери е и маж од Индонезија кој се ожени со апарат за готвење ориз на бизарна церемонија и се разведе по четири дена бидејќи „не можеше да го поднесе притисокот“.

Хоирул Анам од Магелан, Јава, објави фотографии од бизарна свадбена церемонија на Фејсбук, објавувајќи ја неговата венчавка со апарат за ориз. Фотографиите го прикажуваат Анам во традиционален бел костим за венчавки, додека неговата електрична „невеста“ имаше закачено бел превез. Свадбите со бизарни предмети очигледно станаа тренд меѓу корисниците на разни социјални мрежи.

Слично како и во вистинските церемонии, бракот беше запечатен со бакнеж. Анам, исто така, објави пофалби за неговата „идеална“ сопруга, со опис на сликата „искрена, тивка, послушна, не зборува многу, знае да готви“. Сепак, тоа не беше крај на бизарноста кога станува збор за оваа свадба. По четири дена, Анам објави дека сепак одлучил да го прекине бракот и се разведе од апаратот за ориз, велејќи дека е премногу тешко да се издржи притисокот. Тој рече дека тоа е „тешка“ одлука и призна дека за него нема совршена партнерка.

 

 

 

Прегледи:
533
Објавено на:
07.10.2021