Категории

Мажите искрено признаваат: Поради овие причини изгубив интерес за неа!

Ви ги откриваме причините кои доведуваат мажите да изгубат интерес кон својата партнерка.

 1. Кога ми потенцира колку други мажи сакаат да бидат со неа

„Ми вели дека мажите трчаат по неа, сите сакаат да излезат со неа. Ова ме прави незаинтересиран, бидејќи тогаш се чувствувам неадекватно бидејќи мне никој не се труди да ме освои“.

2. Секогаш е пијана

„За мене птполно непривлечна е жената која секогаш има потреба да биде под дејство на алкохол“.

3. Животот на социјалните мрежи и е поважен од нејзиниот вистински живот

„Опседната е со социјалните мрежи. Не преставува да прави селфи и не престанува да ја ажурира својата страница дури и кога е на состанок. Моментален убиец на моето расположение“.

4. Кога не знае да сослуша

„Доколку таа не може да ги запомни повеќето рабти кои сум и ги кажал, јас тоа го сметам како недостаток на интерес од нејзина страна, а на тој начин и јас губам интерес“.

5. Опседната е со хороскоп и астрологија

„Кога ќе ме праша шт сум во хороскоп и ме скенира преку особините поврзани со мојот хороскопски знак, па говори за својот и за другите знаци и нивната компатибилност“.

6. Пушач

„Може да биде интересна и преубава, но ако е пушач – заминувам“.

7. Фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи

„Duck face фотографиите со напрчена уста – веднаш ме одбиваат. „Јас сум талентирана фотографка“. Аха. Како и сите други девојки со мобилен телефон и апарат.

8. Премногу религиозна

„За жал штом слушнам „Бог и Исус ми се на прво место“ – веднаш заминувам. Се обидов да бидам поотворен кон тоа, но едноставно не можам“.

9. Интелектуално дестимулативна

„Не знам дали се работи за незнаење или недостаток на култура, но неодамна излегов со девојка која изјави дека не сака да чита. Кога почнав да ја прашувам заклучив дека таа навистина ништо не чита, ниту книги, романи, весници, магазини, ни вести. Во истиот момент изгубив интерес за неа“.

10. Незрелост

„Кога поставува слики на социјалните мрежи во пијана состојба со друштвото. Не ми пречи кога се дружи или ќе се напие, но објавувањето на тие фотографии е потполно незрело“.

11. Кога се извинува постојано

„Константно се извинува поради нешто и остава впечаток дека е многу несигурна во себе“.

12. Кралица на драмата

„Драма. Драма. Драматизирање. И пак малку драма. Збогум.“

13. Не сака деца

„Сознанието дека не сака деца. Веднаш губам интерес.“

14. Кога секогаш зборува за начинот на исхрана

„Кога ќе станам веганка… Збогум!“

Прегледи:
294
Објавено на:
11.05.2018