Мажите не ги изневеруваат своите партнерки поради секс!

Жените со кои ги изневеруваат своите партнерки прават тие да се чувствуваат важни, ценети. “Мажите сакаат да победуваат. Ако сакате вашиот маж да се чувствува сигурно во врската, пружете му чувство на победа”, советува Њуман.

Тој нагласува дека кога станува збор за аферите “другите” жени не се ни поубави, ни посексапилни.

“‘Имав многу љубовници, ниедна не беше поубава од мојата жена’, ми рече еден клиент кој постојано ја изневеруваше својата сопруга, но не сакаше да се разведе од неа”, објаснува Њуман.

Од испитаните мажи, 88% рекле дека љубовниците не биле позгодни од нивните партнерки, а тоа и не им било толку важно бидејќи не барале афера поради сексот.

Со други зборови, мажите изневеруваат кога се во брак или врска затоа што се осамени, а среќата ја бараат кај жените кои прават да се чувствуваат живо, сакано и почитувано.




Коментари

[fbcomments]