Категории

Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро

Мажите се подготвени да ги соослушаат своите сопруги или девојки во 20:15 часот, додека за припадничките на женскиот пол најподготвени за разговарање се наутро во 08:20 часот, покажува едно британско истражување за односите меѓу мажите и жените.

Истражувачите констатираат дека токму оваа разлика објаснува зашто не успеваат многу брачни разговои и зашто настануваат кризи во бракот, што може да завршат со развод, односно со разидување.

Мажите одбегнуваат да водат „сериозни разговори“ и разговорат за сериозни прашања наутро, кога не се подготвени речиси за никаков дијалог со своите партнерки.

Испитувањето покажува дека тие најмногу се вознемируваат, доколку сопругата или девојката сака да разговара со нив во време кога гледаат филм или пак се зафатени околу некоја видео игра.

Само осум отсто од анкетираните мажи изјавиле дека ќе ја сослушаат партнерката додека на телевизија гледаат фудбалски натпревар.

Истраживањето за односите меѓу брачните двојки и меѓу оние кои се во серизона врска, открива дека мажите и жените имаат различно гледање за тоа што не сакаат да ги прашаат нивните партнери.

Мажите го мразат прашањето „каде беше (досега)?“, додека жените не сакаат од нив да слушнат „дали е се во ред?“.

Прегледи:
505
Објавено на:
06.08.2016