Категории

Мажите со брада сакаат долги врски, а нивната брада ги возбудува жените

Најновите истражувања покажуваат дека мажите кои имаат брада сакаат својата љубов да и ја посветат само на една жена..

Интересно истражување е спроведено на Универзитетот во Квинсленд, Австралија.  Во него учествувале околу 8500 жени, како би се утврдило кој тип на мажи се најдобри и кои мажи најдобро се покажале во долгите врски и бракови.
Иако имало многу различни одговори, пронајдена е една врска кај мажите кои биле во долги врски и бракови. Имено, мажите кои носат брада се тие кои сакаат долги врски и тие генерално полесно се врзуваат за една жена, за разлика од мажите кои редовно се бричат и сакаат да флертуваат и менуваат партнерки.
Истражувањето исто така покажало дека брадестите мажи на своите партнерки им делуваат и до 45% попривлечно и нивната брада неверојатно ги возбудува.
Па, ако сте некој кој сака да носи брада и ужива во неа, тогаш покажете и го ова истражување на вашата партнерка и дајте и до знаење дека вие сте маж кој е подготвен своето срце да и го даде на една жена.

Прегледи:
610
Објавено на:
10.05.2019