Мажот по гаќите се познава!

Повеќето жени би рекле дека долната облека на мажите им ја бираат нивните девојки или мајки, а она кое самите ќе го одберат го открива нивниот карактер.

Мажите кои носат класични бели памучни гаќи сакаат да ги држат работите под контрола, доминантни се и организирани. Тие не препуштаат ништо на случајот, малку се крути и тешко се опуштаат.
Слип гаќите во боја оддаваат маж со романтичен дух.

Тесните гаќи или танги кај мажот значат само една работа – тој е опседнат со својата ,,машкост” и изгледот, па на ум му е само една работа. Тој најверојатно се депилира и поминува часови во бањата пред огледалото.

Ако мажот преферира да носи широки боксерки, тој ја сака слободата и има конзервативни ставови во животот, но може да станува збор и за големи авантуристи.

Ако мажот на своите широки боксерки има принт од некои ликови од цртан филм, автомобили, срца и слични варијанти, тој маж е забавувач во друштвото и вистински шармер. Но што се случува кога ситуацијата бара сериозен пристап?

Оние кои уживаат во боксерки со леопард или сличен дезен најчесто се импулсивни и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Сопствениот изглед им е исклучително важен.

Мажите кои носат тесни бели памучни боксерки не се подготвени да пораснат и секогаш им е потребен некој кој ќе се грижи за нив, ако не мајката тогаш сигурно девојката. Таквите мажи бараат внимание и се разгалени. Тие се душата на секоја забава и се многу популарни, а најчесто и во добра физичка форма.




Коментари

коментари