Категории

Мазна кожа без влакна и до 6 месеци? Нема проблем! Philips Lumea е докажано безбеден сојузник на секоја жена и девојка

Зимата речиси ни пристигна, студеното време започна, а со тоа, нормално во полн ек е и слоевито облекување. Секоја сезона со своја убавина, особено за девојките. Прв слој – маичка, втор слој – подебел џемпер, капут, омилениот шал без кои не можеме да излеземе од дома и да впуштиме во дневната авантура.

Но, слоевитата облека не значи дека кожата не треба да биде негувана, совршено мазна и нежна. Напротив, секоја девојка и жена се труди да ја одржува својата кожа, безгрижно да ги облекува омилените фустани и здолништа во секое време, без разлика на сезоната.

Затоа, Philips го создаде фотоепилаторот Philips Lumea, производ  кој ги освои срцата на повеќе од 3 милиони жени низ целиот свет.

Во кратки црти – Philips Lumea е уред кој обезбедува и нуди слобода, без грижи за несаканите влакна на секоја модерна жена.

Bо соработка со врвни дерматолози од целиот свет, Philips сеопфатно ги истражуваше професионалните третмани во кои се користи технологијата на интензивна пулсирачка светлина и ја приспособи оваа технологија да може да се користи сосема безбедно во домашни услови.  Имено, овој уред користи технологија на интензивна пулсирачка светлина (IPL технологија), која се користи за долготрајно отстранување на несаканите влакна од различните зони до телото, испорачувајќи нежни светлосни пулсирања до коренот на влакната.

Емитирајќи ги овие светлосни импулси кои се апсорбираат од пигментот кој се наоѓа во фоликулите на влакната, коренот на влакното се „успива“, а тоа значи забавување на повторното растење на влакната. Со повторување на третманите на прецизно дефинирани временски интервали, влакната се ставаат во мирување, за на крајот воопшто и да не растат.

Следствено на тоа, можеме да кажеме дека Philips Lumea е мултисезонско и идеално решение кои ни ја нуди слободата на долготрајно мазна кожа и до 6 месеци!

По првичните 4-5 третмани, веќе е евидентна разликата и намалениот раст на влакната, а за обезбедување на долготрајни ефекти, односно за да се одржи фоликулот на влакното во фаза на мирување, потребно е третманите да се повторуваат на период од 4-8 недели.

Резултатите од спроведените тестови покажуваат дека кај 78% од жените кои го тестирале Lumea Prestige, кожата останува мазна и без влакна дури и до 6 месеци по 12 третмани, а тоа во превод значи – САМО 2 третмани годишно! Можете ли да замислите да се занимавате со отстранување на влакна само два пати годишно !?

Големиот ефект се должи на комбинацијата на технологијата и единствените паметни закривени додатоци. Секој додаток е дизајниран да осигура најоптимални резултати за различните делови од телото.

Уредот има три различни додатоци (за тело, за лице и за деликатни области) кои се заоблени на начин со цел да обезбедат добар контакт помеѓу кожата и уредот, така што целото светло ќе се апсорбира од коренот на косата.

Дополнително, додатоците се паметни, што значи дека секој има посебен чип, па кога го менувате додатокот, уредот знае дека третирате друга област и ја прилагодува програмата за да обезбеди најдобри резултати во секоја област.

Она што е особено важно, е што додатокот за лице има дополнителен УВ филтер за дополнителна заштита, за да избегне иритирање на многу деликатна кожа на горната усна и брадата.

Покрај сите бенефити како ефикасноста, резултатите на долг рок и корисноста на Philips Lumea, тука се и безболноста и безбедноста. Третманот со најдобриот сојузник на секоја жена и девојка, е целосно безбеден, може слободно и без грижи да се третираат сите делови на телото, вклучувајќи ги и најделикатните како бикини-зоната, лицето и зоната под пазувите.

Па девојки, сонот за долготрајно мазна кожа може да стане јаве. Не дозволувајте да ви раскажуваат или само да читате за бенефитите на овој ваш одличен сојузник.

И, не заборавајте да ги следите искуствата на прекрасните @antonijalokvenec и @angelagjorgieva кои оваа зима ни се приклучуваат во тестирањето на Philips Lumea Prestige и со нас и со вас ќе го споделуваат своето искуство со Philips Lumea!

Земете ја својата нова најдобра пријателка – Philips Lumea Prestige и уживајте во мазна кожа дури и до 6 месеци!