Категории

Медаљони во сос од печурки! (РЕЦЕПТ)

Сочно месо во бел крем-сос… Уживајте во вкусот на јадењето за чија подготовка не ви е потребно многу време.

Состојки:

  • 350 г свинско или телешко филе
  • 200 гр печурки
  • 1 дл млеко
  • ½ дл неутрална павлака
  • 1 супена лажица кисела павлака
  • сол, бибер, вегета

Подготовка:  

Месото исечкајте го на кругови, исчукајте го и посолете. Така приготвено во подлабок сад пропржете го на масло од двете страни. Кога ќе биде полупржено додадете ги исечканите печурки. Додадете млеко, неутрална павлака и оставете на тивок оган да се соедини уште петнаесетина минути. Сервирајте во чинија и украсете по желба.

Напомена: Свинските или телешки шницли може да ги замените со пилешко или мисиркино бело месо.

Прегледи:
1743
Објавено на:
28.03.2019