Категории

Медицината советува дека калциумот е штетен после 50 годишна возраст

За слаби коски и калциум слушаме уште од детството, но кога ќе достигнеме одредена возраст и кога знаеме дека на коските им е потребна помош за да останат силни, главно сите посегнуваат по калциум.

Една нова студија покажа дека земањето на овој додаток по 50-тата година може да има драматично лош ефект врз здравјето на срцето. Во студијата објавена во стручното списание BMJ, објавена од Британската медицинска асоцијација, научниците го анализирале здравјето на повеќе од 2.600 луѓе, кои во просек имаат 74 години.

Тие имаа блага до умерена калцификација на аортната валвула, а една третина од учесниците земаа додатоци на калциум. Втората третина земала комбинација од додатоци на калциум и витамин Д, а третата група воопшто не земала никакви суплементи.

Истражувачите откриле дека за период од пет и пол години, учесниците кои земале само додатоци на калциум имале 24 отсто поголем ризик од смрт. Земањето витамин Д со калциум го зголеми тој процент на 31!

– Земањето суплементи на калциум не е добро, згора на тоа, може да биде штетно – вели вишиот истражувач д-р Самир Кападиа, шеф на кардиоваскуларниот оддел на клиниката во Кливленд.

– Како доктор по интерна медицина и експерт за витамини, би препорачал суплементите на калциум да се земаат минимално, за да се избегнат потенцијални штети – вели д-р Ариел Левитан, кој е и автор на книга за витамини.

– Одамна ни е познато дека прекумерното внесување суплементи може да има низа потенцијални несакани ефекти, меѓу кои и појава на камења во бубрезите, запек и што е уште позагрижувачко, таложење на калциум во ткивата, срцето и ткивото на градите – додаде таа.
Д-р Левитан истакнува дека повеќето луѓе можат да внесуваат доволно калциум од исхраната, а најмногу го има во млечните производи, лиснатиот зелен зеленчук, бадемите, наутот и слично.

Прегледи:
89
Објавено на:
18.05.2022