Меган Маркл го откри полот на бебето? Сите зборуваат за оваа нејзина модна комбинација!

Војводата и војвотката од Сасекс присуствувале на свечена вечера која ја организирал претседателот на Фиџи во нивна чест.

За оваа пригода, бремената Меган Маркл избрала преубав фустан кој го истакнува нејзиниот труднички стомак. Фустанот е од брендот „Гинко“ лкој чини нешто помалку од 1.500 долари, предизвикувајќи многу реакции на социјалните мрежи.

Имено, многу следачи претпоставиле дека сината боја на фустанот всушност го открива полот на бебето. Оваа вест британските медуми ја демантирале говорејќи дека сгтанува збор за нијанса на фустан која се нарекува фиџиска сина боја преку која Меган и оддала почит на земјата во која се наоѓа.

Иако Кенгсингтонската палата и понатаму не го објавила полот на бебето, принцот Хари неодамна изјавил дека би сакал да биде девојче, додека Меган останала воздржана по тоа прашање.




Коментари

коментари