Категории

Меган Маркл избркана од Велика Британија – Парот ги прекина сите врски со кралското сеемјство

Меган официјално повеќе не може да биде државјанин на Велика Британија, но – се чини дека се откажала од тоа одамна!

Меган и Хари се чини дека се целосно задоволни од начинот на кој се одвива нивниот „не кралски“ живот во Америка. Помина една година откако се повлекоа од своите кралски должности и се покажа дека Меган се откажала од постапката за државјанство и официјално да стане државјанин на Велика Британија уште од порано.
Да се потсетиме, палатата Кенсингтон за прв пат објави дека Меган ќе се пријави да стане британска државјанка откако стана дел од кралското семејство во 2017 година. Официјалната постапката за државјанство на Обединетото Кралство бараше Меган да живее во земјата три години – но бидејќи се пресели во Велика Британија кон крајот на 2017 година, таа требаше да остане таму до крајот на 2020 година за да може да добие државјанство.

Сепак, Меган и Хари одлучија да ја напуштат Велика Британија пред тоа и да започнат да живеат во Калифорнија. – Сега кога Меган и Хари јасно ставија до знаење дека нема да живеат во Велика Британија, немаше „причина“ да продолжат со барањето на војвотката за двојно државјанство.. Од друга страна, Хари не планира да побара државјанство на САД. Се чини дека Меган и Хари навистина не жалат што ја напуштија монархијата заради нивниот помирен живот во Америка. – И покрај сè што се случи минатата година, тие не жалат за нивната преселба во САД. Тие сакаат да имаат повеќе време да се фокусираат на проекти што им се важни. Отсекогаш сонувале да бидат финансиски независни – пренесува Космополитен.

Прегледи:
766
Објавено на:
14.01.2021