Категории

Меган Маркл заминува од серијата која ја прослави

Меган Маркл, девојката на принцот Хари, сака да го заврши својот ангажман во серијата “Suits”, која ја прослави. 

Но, тоа не е изненадување, со оглед на тоа дека нејзината врска со Хари е посериозна и дека само се чека на времето кога ќе ја објават нивната свршувачка.

Освен Меган, серијата  сака да ја напушти и Патрик Џеј Адамс. Се очекува дека последните шест епизоди во кои глуми ќе бидат емитувани кон почетокот на 2018 година.

Во серијата,  Меган се појавува во улогата на Рејчел Зејн, адвокатка и вереничка на Мајк Рос, кој го глуми токму Патрик Џеј Адамс.

Нивните договори наводно завршуваат по седмата сезона. Тоа би значело дека Меган ќе има може повеќе време да поминува со своето момче.

Прегледи:
361
Објавено на:
16.11.2017