Категории

Меланија Трамп на „Твитер“ следи само пет лица. Кога ќе прочитате кој е петтиот, ќе се изненадите

Твитер профилот на првата дама на САД, Меланија Трамп го следат околу десет милиони луѓе, но таа следи само пет личности. На таа кратка листа се наоѓаат двата официјални профили на нејзиниот маж, Доналд Трамп, а покрај него ги следи и заменик претседателот на САД, Мајкл Пенс и неговата сопруга Карен Пенс.

Информацијата за набројаните четири профили кои ги следи воопшто не е изненадување, но петтиот профил кој го следи предизвика особен интерес во јавноста. Тоа е така бидејќи станува збор за твитер профилот на поранешниот претседател на САД, Барак Обама. „Индипендент“ претпоставува дека Меланија всушност првично ја следела Мишел Обама, но овој профил бил преземен од нејзиниот сопруг по истекот на неговиот мандат.

Животот на американската прва дама на „Инстаграм“ е уште поздодевен. За разлика од милиони жени ширум светот кои на „Инстаграм“ следат профили во врска со високата мода, Меланија следи само два профила – оној на нејзиниот сопруг и официјалниот профил на Белата куќа.

Прегледи:
351
Објавено на:
09.02.2018