Меланија Трамп во нетипично кежуал модно издание

Сопругата на американскиот претседател, покажа дека не мора секогаш да носи високи потпетици и елегантни модни комбинации за да изгледа добро

Првата дама на Америка – Меланија Трамп, секогаш го привлекува вниманието со своите модни комбинации, а тоа се случи и во текот на нејзиното најново јавно појавување.
Во Вашингтон, таа присуствуваше на подготовката на празничните пакети за воените трупи надвор од Америка. За овој повод таа избри нетипичен за неа, кежуал стајлинг од кошула и панталони, во рамни чевли без висока потпетица.
Она што сите ги водушеви беа токму чевлите кои припаѓаат на популарниот бренд Zara и доаѓаат од минатогодишната колекција, што докажува дека таа сепак преферира парчиња со пристапна цена и не им „робува“ на скапите дизајнерски марки.




Коментари

[fbcomments]