„Менструација“ ќе стане „фемструација“ – голема победа за феминистките ширум светот

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, силното женско лоби извојува уште една победа: зборот „менструација“ ќе влезе во речникот како „фемструација“ (menstruation во femstruation на англиски).

Се работи за иницијатива предводена од неколку релевантни европски невладини организации кои се борат за родовата рамноправност и женските права, а идејата е потекната со цел да се искорени префиксот “men”, што на англиски значи „маж“, од термин кој се однесува исклучиво на жените.

Барањето е веќе поднесено до Универзитетот во Оксфорд, кој е издавач на оксфордскиот речник и веќе во наредните месеци ќе влезе во онлајн едицијата на Оксфорд.

„Ова е исклучително голема победа не само за жените борци против родовите стереотипи на општеството, туку победа за сите жени во светот воопшто. Терминот ’фемструација’ на големо веќе се користи меѓу жените и оваа иницијатива е поднесена до институциите надлежни за јазичните прашања повеќе пати во историјата, но 2019 година ја одбележува нашата конечна победа. Премногу сме возбудени поради оваа издејствувана промена и убедена сум дека од ден на ден, успеваме сè повеќе да се избориме со стегите на патријархатот“, рекоа жените поднесители на барањето.




Коментари

коментари