Фестивал на лимоните во Ментон, Франција

Секоја година, градот Ментон, наречен „Cité des Citrons“ (град на лимоните) го слави овој локален производ. „Fête du Citron“ (фестивал на лимоните) е уникатен настан во светот, кој претставува гигантски дизајни направени од цитрусови овошја и лебдат украсени со лимон и портокал.

Уште од 15 век, Ментон е голем производител на лимони. На почетокот на 20 век, овој медитерански град, станал најголемиот производител на ова овошје на континентот.

Во 1929 год, еден хотелиер, излегол со идеја за организирање егзибиција со цвеќе и цитрусово овошје. Ова се докажало како толку успешно, што наредната година фестивалот се раширил и на улиците со запрежни возила кои носеле дрва од лимон и портокал. Ова станало многу успешно во наредните неколку години, па затоа, во 1934 год, општината одлучила да го создаде Фестивалот на лимоните.

Оваа година овој настан традиционално се одржа по 81-ви пат, од 15 февруари до 05 март.Благодарение на вниманието од медиумите кој го добил овој настан, градот Ментон е познат насекаде околу светот. Секоја година, Фестивалот на лимоните привлекува околу 250.000 посетители, бара помош од повеќе од 300 работници и користи 145 тони цитрусово овошје.

За време на фестивалот, посетителите исто така може да ги погледнат егзибициите организирани во Palais de l’Europe (Палатата на Европа), и да откријат локални производи од уметноста, познати како Salon de l’ Artisanat (џем, желе, ликер, сапуни, парфеми итн.). Овие производи се благодарение на меѓународната слава на лимонитеод Ментон, кои сега станаа гастрономска референца.

[nggallery id=15]

 




Коментари

коментари