Категории

Мерил Стрип – „Немам трпение за оние кои не го заслужуваат моето трпение!“

„Повеќе немам трпение за некои нешта, не затоа што сум станала арогантна, туку едноставно затоа што стигнав до степен во својот живот кога не сакам да го трошам своето време на нешто кое ми нанесува болка или не ми е пријатно.“

„Немам трпение за цинизам, претерана критичност или желби од било каков облик. Ја изгубив својата волја да им удоволувам на оние на кои не им се допаѓам, да ги сакам оние кои мене не ме сакаат и да ги насмевнувам оние кои не ми враќаат со насмевка.

Не трошам повеќе нити една минута на оние кои лажат или манипулираат. Повеќе не сакам да бидам во близина на претенциозни, дволични, неискрени и себевљубеници. Не толерирам селективна ерудиција или академска ароганција. Нити се прилагодувам на трендовските трачеви. Мразам судири и споредувања. Верувам во свет на спротивност и затоа избегнувам личности со ригиден и груб карактер.

Во пријателството не ми се допаѓа предавството и недостатокот на лојалност. Не се согласувам со личности кои не знаат да поделат комплимент или збор за охрабрување.
Претерувањата ми се здодевни и тешко прифаќам луѓе кои не сакаат животни.
А најмногу од се немам трпение за оние кои не го заслужуваат моето трпение.“

Прегледи:
576
Објавено на:
26.05.2020