Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (АПРИЛ 2018)

oven

Овен

Кариера и пари: Овој месец ве очекува динамичен период во кој ќе преовладуваат инцидентите и стресот. Од друга страна, сонцето кое преминува во овен ќе ви донесе сила и авторитет да се справите со сите проблеми. Меркур, исто така лоциран во овен, ќе ги поттикне вашите интелектуални способности. Доколку работите систематски, а не набрзина, тогаш ве очекуваат и неколку успеси во овој месец. Како и да е, април ветува добра заработка.

Здравје: Сонцето кое преминува во овен, ќе ви донесе многу енергија, особено во првите две недели од април. Можни се и чувства на истоштеност поради прекумерно работење.

Љубов: Со престојувањето на Марс во знакот на овен, месецов воопшто нема да ви биде досадно. Планетата Марс ќе ви „зачини“ сѐ, почнувајќи од односот со вашиот партнер, кој ќе биде пострасвен. Доколку не сте во врска, овој месец ве очекува бурен период кој можеби на крајот на месецот ќе резултира со врска.

Совет: Држете се што подалеку од конфликти и инциденти кои може да резултираат со насилство.

bik
Бик

Кариера и пари: Нешто едноставно нема да ви оди како што треба. Дури иако сте успешни, само неколку луѓе ќе го забележат вашиот труд и стресот што го претрпувате. Ќе се чувствува многу напнатост на работа, а односите со колегите нема да ви бидат баш најдобри. Иако ќе имате финансиски притисок, парите сепак ќе најдат начин да стигнат до вас.

Здравје: Месецов во никој случај не треба да го запоставувате вашето здравје. Бидете претпазливи и доколку чувствувате дека нешто не е како што треба, веднаш посетете лекар. Не кревајте тешки предмети.

Љубов: Работата и обврските ќе имаат важно влијание во вашиот љубовен живот месецов. Ќе бидете премногу зафатени, па со тоа ќе ја изгубите желбата за задоволство и забава. Она што може да ви донесе среќа е планетата Венера, која ќе биде во привилегирана позиција месецов.

Совет: Излезете и социјализирајте се што е можно повеќе, гледајте се со пријателите почесто, учествувајте во групни активности.

bliznaci
Близнаци

Кариера и пари: Април е еден од месеците во кои ќе вреди секој ваш вложен напор, и ќе ви донесе многу нови успеси. Колегите на работа ќе ви доделуваат комплименти за постигнатото, а вас тоа ќе ви донесе добро расположение и насмевка на лицето. Во последната недела од месецот ќе имате можност да започнете со нов проект, кој секако ќе ви донесе пари.

Здравје: Во последните две недели од април ќе се чувствувате како енергијата да ви опаднала, па затоа ќе ви треба повеќе одмор. Одете на часови по пилатес или аеробик.

Љубов: Сензуалност ќе биде она што ќе ви го одбележи месецот. Желбата за секс за една вечер, или за авантура, ќе имате можност да си ја остварите токму овој месец. Но, внимавајте, пазете со кој ќе бидете, бидејќи може да ви се случат несакани последици.

Совет: Учествувајте во што повеќе собири со пријателите.

rak
Рак

Кариера и пари: Добри вести! Април наговестува дека ќе биде добар месец за кариера. Сонцето и Меркур ќе преминат во куќата на кариерата, а тоа е секако добар знак за слава, престиж и статус. Може и да ви се случат некои промени на работа, кои веќе сте ги очекувале. Посветете посебно внимание на прашања поврзани со имот или наследство. Во оваа обаст може да се соочите со конфликти.

Здравје: Април може да биде доста турбулентен период за вас, бидејќи вие сакате мир и комфор, а ова може да влијае на вашата внатрешна рамнотежа. Не обидувајте се да ги избегнете проблемите со прекумерно јадење и пиење.

Љубов: Април ветува сензуалност и хармонија, а уште долго ќе ги паметите случувањата кои ќе го одбележаа овој месец, бидејќи многу е веројатна понудата за брак од вашиот долгогодишен партнер. За оние кои не се во врска препорачливо е да отпатуваат неколку дена, каде ќе доживеат незаборавна авантура.

Совет: Не донесувајте брзи одлуки во врска со семејството или имотот.

Продолжува на страна: 1 2 3

1 2 3

Прегледи:
1894
Ознаки:
· ·
Објавено на:
01.04.2018