Лондон е еден од најпопуларните градови во светот. Познат е како центар за финансии, но исто така и како омилена туристичка дестинација и град со голема традиција и култура.
Токму овој град е првото интернационално искуство на многу туристи од Америка, не само поради истиот јазик со различен акцент, туку и поради големата културолошка и историска поврзаност помеѓу овие две земји. Поради значајната историја на Британската Империја, сите сме на некој начин поврзани со Лондон (Шекспир, Џејмс Бонд, архитектурата, повеќе правци во музиката и др). Во Лондон има многу места кои ќе ве фасцинираат и кои задолжително мора да ги посетите при првата посета на градот, а ова е дел од листата:
Тауер Бриџ
Лондонско око
Бакингемската палата
Двоспратни автобуси
Хајд Парк
Плоштадот Трафалгар
Тура низ студиото каде што се снимал филмот Хари Потер
Биг Бен
Железничката станица Кингс Крос
Кулата на Лондон
Фудбалскиот стадион
Вестминистерската катедрала