Категории

Места од бајките на Дизни кои навистина постојат! (ФОТО)

Импресивните локации пренесени во цртаните филмови на Дизни се наоѓаат на неколку делови од светот. Eве кои места од познатите цртани филмови се вусшност инспирирани од вистински локации.

Кога ќе го споменеме Волт Дизни, првото нешто што ни паѓа на памет се спомените од детството и незаборавните ликови од многубројните цртани филмови. Фановите ширум светот ги посетуваат парковите на Дизниленд со цел да им се приближат на магичните локации на дизниевите цртани филмови, но дали сте знаеле дека многубројни сцени всушност настанале по примерот на вистински места?
Импресивните локации пренесени во цртаните филмови на Дизни се наоѓаат на неколку делови од светот.
Еве кои места од познатите цртани филмови се вусшност инспирирани од вистински локации.

Снежното кралство Frozen – Ледената палата
Во познатата сцена во која Елса ја создава ледената палата со песната “Let It Go”, снежното опкружување потсетува на Кирунската црква во Шведска.
Црквата е во потполност изградена од мраз, дури и нејзините ѕидови и ентериер.

Дворецот на Трнорушка

Сместен на југ на Баварија, дворецот Neuschwanstein е вистинско уметничко дело кое го изградил кралот Лудвиг Втори, често именуван и како Лебедовиот крал и Кралот на бајките. Во Дизниевата бајка „Заспаната Убавица“, принцезата Аурора родена е во бел дворец кој наликува на дворецот Neuscwanstein, а самото лого на Волт Дизни е инспирирано од ова величенствено здание.

Дворецот на Рапунзел

Сите знаеме за Рапунзел – златокосата принцеза која е грабната поради својата волшебна долга коса и е заклучена во кула во која би требала да го помине сиот свој живот. Градчето Корона во цртаниот филм “Tangled” е инспирирано од едно од највоодушевувачките знаменитости во Франција – дворецот Mont Saint-Michel во Нормандија.

Прегледи:
573
Објавено на:
27.10.2021