Категории

Ми недостига детството – за сите мали нешта кои тогаш беа најважното нешто во мојот живот

Ми недостига детството, не поради младоста туку поради она кое го правев..

Ми недостига детството поради сите нешта кои можев да ги видам тогаш.

Дрвјата кои растеа, зелената трева и цвеќињата кои цутеа. Синото море, мирисот на песок и сол, планините и тивкиот ветер. Зрелото овошје и сокот кој течи по моите раце.
Капките дожд кои се лизгаат од мојата коса, смеата и трчањето додека бегав од грмотевиците.
Сонцето кое ја галеше мојата кожа и ја правеше румена.

Ми недостига затоа што тогаш сите тие мали нешта беа најважното нешто во мојот живот, живеевме за нив и се радувавме на нив.

Но во исто време сум среќна затоа што некогаш постоеше време кога не постоеше технологијата и уживавме во сето она кое ни го пружи животот, еднаш постоеше свет кој беше живописен и шарен, ајде да се потрудиме повторно да го вратиме.

Прегледи:
514
Објавено на:
12.07.2020