Мигови | Хорхе Луис Борхес

Мигови

Ако би можел да го живеам повторно мојот живот,

би правел повеќе грешки отколку што правев досега.

Опуштено лежејќи на грб, не настојувајќи да бидам совршен.

Би бил среќен, многу посреќен отколку во првиот обид,

А само некои работи би ги доживеал навистина сериозно.

Несредениот стан никогаш не би бил проблем.

Нема да се обидувам да бидам совршен,
Ќе бидам побезгрижен,
Ќе бидам поисполент – одошто сум сега,
Всушност, помалку нешта ќе земам сериозно,
Ќе бидам помалку педантен,
Ќе преземам повеќе ризици,
Ќе патувам повеќе,
Ќе гледам повеќе зајдисонца,
Ќе искачам повеќе планини,
Ќе испливам повеќе реки,
Ќе одам на повеќе места – кајшто никогаш не сум бил,
Ќе јадам повеќе сладоледи, а помалку зеленчук,
Ќе имам повеќе вистински проблеми – а помалку замислени,
Јас бев еден од оние луѓе кои живеат
претпазлив и плоден живот –
секоја минута од својот живот,
Се разбира дека имав моменти на радост – но,
кога би можел да се вратам назад ќе се обидам да имам само убави моменти,

Ако не знаете – тоа е она од што животот се состои,
Не губете го Сега!

Јас бев еден од оние кој никогаш не оди никаде
без термометар,
без шише топла вода,
и без чадор и без падобран,

Ако би можел да живеам повторно – Јас би патувал растеретен,
Ако би можел да живеам повторно – Ќе се обидам да работам босоног
од почетокот на пролетта се до крајот на есента,
Ќе возам повеќе коли,
Ќе гледам повеќе изгрејсонца и ќе играм со повеќе деца,
Но, јас сега имам 85,
– И знам дека јас умирам …




Коментари

коментари